Седам покрај реката што тече
А во срцето тешки сенки
На душата една рана што пече
Ќе помине ли?
Се враќам на старото место
Каде што ја расцепив душава моја
Дали некогаш стварно ме сакаше?
Дали некогаш навистина бев твоја?
Под полна месечина
Солзи течат како крв
Те љубам тебе
Те сакам како да си ми прв
Но душата ми ја сотре
Ме скрши како кристал
Парчиња останаа само од мене
После тебе не сум иста
Се движам по брегот
Околу мене завиваат волци
Во воздухот се вее снегот
Ќе полетам ли?
Се враќам на старото место
Каде што ја расцепив душава моја
Дали некогаш стварно ме сакаше?
Дали некогаш навистина бев твоја?
Под полна месечина
Солзи течат како крв
Те љубам тебе
Те сакам како да си ми прв
Но душата ми ја сотре
Ме скрши како кристал
Парчиња останаа само од мене
После тебе не сум иста
Во сурова зима и во голем студ
Под црното небо стојам гола
Магијата ме обзема цела
Во вените врие
Мојата крв врела
Под полна месечина
Солзи течат како крв
Те љубам тебе
Те сакам како да си ми прв
Но душата ми ја сотре
Ме скрши како кристал
Парчиња останаа само од мене
После тебе не сум иста
После тебе не сум иста
Не, после тебе никогаш нема да сум иста
还没有收藏。点右下角的星星按钮,就能把当前页面收进来(只保存在这个浏览器里)。